Диско музиката отсекогаш бил дел од неа. Ги пуштала плочите на нејзините родители за да ги слуша АББА и Дона Самер како дете.
Во новиот албум што го издаде минатата недела, австралиската поп-икона Кајли Миног се враќа на тие корени и може да се запише во историјата на британските топлисти доколку стигне до број еден.
И покрај многубројните признанија, вклучително и една „Греми“ и три британски награди, Миног вели дека би било неверојатно доколку „Диско“ – нејзиниот 15. студиски албум – се најде на врвот на топ листите, со што ќе стане првата жена соло изведувач со број еден албум во Велика Британија низ пет последователни децении.
„Тоа ми звучи лудо. Имам 52 години. Ова со петте децении ми звучи неверојатно“, изјави Кајли за „Ројтерс“ во едно интервју во Лондон.
Пејачката, која има продадено 80 милиони албуми ширум светот, вели дека започнала да слуша диско музика како дете.
„Имав осум, девет,10 години, и можев сама да ги пуштам плочите на моите родители, а многу од нив беа диско-плочи“.
„Диско звуците отсекогаш беа во системот“, рече таа.