Дебар, 17 март 2020 (МИА) – Координаторот на дебаркото муфтиство Решат Качалнику, информираше дека верниците ги почитуваат препораките на оваа институција.
Според него, верниците молитвите ги вршат дома, а од џамиите се слуша само езанот.
– Ние како Муфтиство во координација со надлежните во Општината сме прифатиле да придонесеме во надминување на актуелната состојба која душевно не боли сите. Почитувањето на препораките е во интерес на здравјето на сите граѓани, на сите верници во Дебар, рече Качалнику.
Тој воедно посочува дека кога боли еден дел од телото боли целото тело.
– Ние денес живееме и соработуваме во овие вонредни околности како едно тело. Сето ова го правиме за да се вратиме во нормалниот живот. Благодарност до секој граѓанин, бизнисмен, професионалец, за секого кој во овие денови го даде својот придонес за заштита на здравјето и животот на граѓаните, оставајќи ги настрана своите лични интереси, додава тој.
Ги споменува, како што вели, проблемите со кои во оваа ситуација се соочуваат граѓаните но и бизнисот.
– Се надевам дека Владата сериозно ќе ја земе предвид новонастанатата ситуација во Дебар, и бараме од Владата покрај мерките за заштита од вирусот, дадонесе и такви мерки што со парите од буџетот ги покрие потребите на нашите граѓани кои се болни, имаат потреба за храна, во бизнис секторот да им се платат платите на вработените за да можат да ги издржуваат своите фамилии, а на бизнисите да им ги олеснат нивните давачки према државата и да им ги подмираат нивните загуби, смета Качалнику.
На крај тој посочува дека сите молитви се насочени кон што побрзо надминување на актуелната ситуација и враќање на животот во нормала. вт/оџ/