Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кафе барот „Грифон“ од Струга донираше 1.000 заштитни маски за полицијата

Кафе барот „Грифон“ од Струга донираше 1.000 заштитни маски за полицијата
Img 7972

Кичево, 30 март 2020 (МИА) – Кафе барот „Грифон“ од Струга денеска донираше 1.000 високо квалитетни и повеќе наменски заштитни маски за полициските службеници, информира претседателот на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Регион Охрид и портпарол на СВР Охрид Стефан Димоски.

-Со донацијата „Грифон“ практично ја покажа грижата за здравјето на полициските службеници. Деновиве, заштитните маски ќе бидат дистрибуирани до полициските службеници во полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, кои деноноќно се на терен и несебично се ангажирани во спроведувањето на бројни и сложени безбедносни мерки за заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, изјави Димоски.

Нагласи дека донацијата од 1.000 заштитни маски, значително ќе придонесе за подобро опремување на полициските службениции ќе го зголем степенот на безбедност во нивната работа, но, како што кажа, ќе придонесе и за зачувување на нивното здравје. рз/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфиловa-Пановска од Дебар: На 19 октомври да се обединиме за Македонија да го фати вистинскиот правец

Атанасов: Мој приоритет се човечноста и вистинската грижа за сите граѓани на Гевгелија

Пецаков вели дека случајно се сретнал и седнал со Црвенковски