Утрински Весник
Спорт

Катастрофа за Вориорс – Заврши сезоната за Томпсон

Катастрофа за Вориорс – Заврши сезоната за Томпсон

Голден стејт Вориорс потврдија дека Клеј Томпсон ја скинал ахиловата тетива. Сезоната во НБА која ќе започне на 22.декември за еден од најдобрите шутери во историјата на лигата е завршена.

Томпсон поради тешка повреда не играше и минатата сезона. Во шестиот меч од финалната серија со Торонто Репторс, во 2019 година, Томпсон ги скина лигаментите во коленото.

Вориорс имаа лоша сезона бидејќи покрај Томпсон, Стеф Кари одигра само неколку натпревари. Лошата сезона им го донесе вториот пик на драфтот. Тие го избраа центарот Џејмс Вајзмен и со големи амбиции влегоа во новата сезона. Повредата на Томпсон е голем удар врз нивните амбиции.

> Катастрофа за Вориорс – Заврши сезоната за Томпсон <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Заврши првата фаза на Европското првенство во ватерполо

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан со кодомаќинот Данска

Мурињо го коментираше поразот од Порто