Утрински Весник
Спорт

Катар ќе биде домаќин на турнир кој ќе претставува тест за Мундијалот 2022

Во Катар отворен третиот стадион на кој треба да се играат натпревари од СП 2022

Доха, 28 јуни 2020 (МИА) – Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го одобри одржувањето на пан-арапскиот турнир во фудбал во Катар во 2021 година, соопшти прес-службата на Азиската фудбалска федерација.

Натпреварите се закажани за 1-18 декември.

Овој турнир ќе биде тест за подготвеноста на земјата за Светското првенство во 2022 година.

Претходно, Купот на конфедерациите, кој традиционално беше тест турнир, е откажана од страна на ФИФА.

Фудбалскиот Мундијал во 2022 година нема да се одржи во текот на летото за прв пат. Натпреварите ќе се играат од 21 ноември до 18 декември. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина