Утрински Весник
Свет

Каталонските власти ги повикаа граѓаните на Барселона да останат дома поради коронавирусот

Каталонските власти ги повикаа граѓаните на Барселона да останат дома поради коронавирусот
Dik 300x250 mk

Регионалните власти на Каталонија ги повикаа граѓаните на Барселона да останат во своите домови и да не се собираат во групи од повеќе од десет лица за да се борат против наглиот скок на нови инфекции со коронавирус.

Пред неколку дена, Каталонците се обидоа да воведат нов локдаун во градот Леида, но шпанскиот суд наскоро го суспендираше бидејќи одлуката за затворање е противзаконска.

Истото се обидоа и во Барселона, но тоа не успеа, па немаа друг избор освен јавно да ги повикаат луѓето да бидат внимателни поради новиот број на новозаразени.

Барселона е еден од најголемите туристички центри во Шпанија, а на нејзините граѓани им е наложено од регионалните власти на Каталонија да купуваат преку интернет и да излегуваат само доколку навистина имаат потреба.

Бројот на луѓе ќе биде ограничен и на културни и спортски настани.

Главниот град на Каталонија е дом на 1,6 милиони луѓе и е еден од најпосетуваните градови во Европа. Но, во последните неколку недели бележи нагли скокови во бројот на нови инфекции со коронавирус. Вчера се забележани 580 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е најголем број од 10 мај.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан