Утрински Весник
Спорт

Касиљас нема да учествува во трката за функцијата претседател на Шпанската фудбалска федерација

Касиљас ги негираше информациите дека ќе се повлече од фудбалот
Dik 300x250 mk

Мадрид, 15 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот голман на Реал Мадрид и шпанската фудбалска репрезентација, Икер Касиљас соопшти дека нема да учествува на изборите за претседател на тамошната фудбалска федерација.

– Главната причина што ја донесов оваа одлука е посебната социјална, економска и епидемиолошка состојба што се разви во Шпанија. Затоа, изборите ќе бидат во сенка на ситуацијата во земјата. Ова не значи дека засекогаш ја затворам оваа врата. Сакам изборите да бидат фер и отворени, што ќе биде од полза за шпанскиот фудбал, но во оваа ситуација не би сметал на тоа, изјави Касиљас.

Претходно беше објавено дека 39-годишниот голман има намера да му се спротивстави на досегашниот шеф на шпанскиот фудбалски сојуз Луис Рубиалес.

Претседателските избори на шпанската фудбалска федерација ќе се одржат оваа година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето