Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Касиљас го најави враќањето во Реал Мадрид!

Касиљас ги негираше информациите дека ќе се повлече од фудбалот
300x250 opst2

Мадрид, 24 мај 2020 (МИА) – Легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас го напушти „кралскиот“ клуб во насока Порто пред точно пет години.

Таа разделба не беше многу пријатна. Касиљас не беше среќен, а навивачите не се смирија лесно со ситуацијата. Како и да е, голманот го продолжи својот втор живот во Порто, но како што се очекуваше, тој не го преболи клубот каде што порасна и направи име, за што сведочи и неодамнешната објава на Твитер.

Касиљас го најави враќањето во Реал, но тоа ќе биде во поинаква улога, откако го најави пензионирањето од активниот фудбал во февруари.

Со Реал, тој освои три Лига на шампиони, пет првенства и две Копа дел Реј, а како капитен ја водеше Шпанија до нејзините најголеми успеси, три големи титули од 2008 до 2012 година.



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН