Утрински Весник
Македонија

Касами: Ќе ги почитуваме препораките и ќе ги искористиме другите можности за комуникација со гласачите

Касами: Ќе ги почитуваме препораките и ќе ги искористиме другите можности за комуникација со гласачите

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами денеска по лидерската средба во Владата изјави дека ќе ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата за справување со коронавирусот.

Тој во изјава за медиумите изрази надеж дека нема да има ситуација која ќе наложи да се одложат предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.

Ќе ги искористиме сите други можности за комуникација со гласачите за да им ги пренесеме нашите пораки и идеи. Во овој период нема потреба за поголема паника кај граѓаните, ситуацијата е под контрола, изјави Касами. бак/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема толеранција за тие што го сакатат високото образование, порача Мицкоски

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа