Утрински Весник
Спорт

Картер за забивањето од 2000-та: Немав план, сакав сите да ги воодушевам

Картер за забивањето од 2000-та: Немав план, сакав сите да ги воодушевам

Сега веќе пензионираниот НБА кошаркар, легендата на овој спорт, Винс Картер раскажа за тоа како влезе во конкуренција во натпреварот за забивање на Ол-стар викендот во далечната 2000 година, каде изведе перформанс кој се смета за еден од најатрактивните досега.

Картер истакна дека немал план, идеја добил непосредно пред изведувањето, а го водела желбата сите да ги воодушеви.

„Кога забивате, имате идеја колку сте високо, но јас тоа го гледам на сосема поинаков начин. Доколку не се чувствувам добро, не сум скокнал добро, знам што да направам и како да забијам. Моето прво забивање воодушеви многумина, но не и мене. Сакав да победам, а со такво забивање немаше да победам. Затоа потоа скокнав од вистинското место и го донесов тој „WOW“ фактор кој го барав. Знаев што се очекува од мене. Сите тие момци од страната знаеја колку можам. 20.000 луѓе нестрпливо чекаат. Никогаш не сум скокнал толку високо како за она „вртелешка“ кога се завртев за 360 степени. Тоа јас и Трејси (Мегрејди) го направивме затоа што ми рекоа дека морам да имам партнер за едно од забивањата. Трејси ја фрли топката на паркетот и таа падна токму таmу каде што требаше“ рече Винс Картер.

Еве како изгледаше сето тоа пред 20 години:

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо