Утрински Весник
Македонија

Карпош – најтранспарентна скопска општина

Карпош – најтранспарентна скопска општина

Скопје, 21 јуми 2020 (МИА) – Општина Карпош е рангирана како прва локална самоуправа во најголемиот, скопски регион според нивото на активна транспарентност во истражувањето „Индекс на активна транспарентност 2020“. спроведено од Центарот за граѓански комуникации во соработка со УСАИД.

Како што информираа општинските власти, Карпош е и втората најдобра општина според активната транспарентност на национално ниво, веднаш по Велес, а при рангирањето на сите институции е трета, по Министерството за одбрана (1) и Велес (2).

– Под активна транспарентност се подразбира објавувањето на информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации. Утврдено е дека Карпош ги има објавено најголемиот дел од потребните информации: контакт од лицето координатор за пристап до јавните информации, податоци за градоначалникот, надлежностите на општината, листа на раководители на сектори со контакти, статут, службени гласила, донесени ДУП-ови, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека во делот на финансиската транспарентност, Општината редовно го објавува и Буџетот, завршната сметка, ревизорските извештаи, а унапредување има во делот што од оваа година започнавме и со објавување на Граѓански буџет, со цел  да се постигне поголема информираност на граѓаните за начинот на трошење на буџетските средства.

– Исто така, тековно се известуваат граѓаните преку соопштенија за јавност и изјави, а локалната самоуправа сериозно работи и на респонзивноста, со тоа што постојано се одговара на граѓаните преку официјалните канали за комуникација (социјални мрежи, e – mail, мобилната апликација „мЗаедница“). Активната транспарентност и помага на институцијата да биде поодговорна во трошењето на јавните пари, а граѓаните да бидат влучени во процесот на одлучување. Овие постигнувања се поттик за унапредување на транспарентноста и во претстојниот период, се додава во соопштението на Општина Карпош. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ