„Полициски службеници интервенираа во Вевчани поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на корона вирусот, односно забраната за групирање на повеќе од четири лица, со што се загрозува здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија“, соопштија од СВР Охрид.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски: „И покрај претходно постигнатиот договор на три состаноци со лицата инволвирани во организирањето на карневалот, дека ќе се почитуваат мерките и ќе нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собра во Вевчани, поради што мораше да интервенира полицијата. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци“.
Од СВР Охрид апелират заеднички да се придонесе за спречување на корона вирусот и да се зачувува здравјето, како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани.