Аргентинската фудбалска ѕвезда Карлос Тевез потврди дека е пензиониран од фудбалот, велејќи дека смртта на неговиот очув минатата година.
Последниот меч на 38-годишниот поранешен напаѓач на Манчестер сити и Јувентус беше пред 13 месеци за неговата омилена Бока јуниорс, и тој сега планира да стане тренер.
„Да, можам да потврдам дека сум пензиониран. Престанав да играм бидејќи го загубив мојот најголем навивач и мојата мотивација. Сега уживам во животот, во семејсството во бизисот. Имаше многу понуди, но требаше да менувам многу во мојот живот. Како фудбалер го дадов максимумот и мирен сум. Во 2021 си кажав дека веќен ема да играм. Му се јавив на агентот, а потоа и на Рикелме. Сега сакам да станам тренер“, вели Тевез.
Очувот на Тевез, Сегундо Рајмундо почина по компликациите со КОВИД-19 во февруари 2021.
Тевез ја почна кариерата во Бока, пред да се пресели прво во Коринтијанс, а потоа и во Вест хем во Премиерлигата. Следната година тој се пресели во Манчестер јунатед, каде што освои две титули од Премиерлигата и една од Лигата на шампионите, по што замина во лутиот ривал Манчестер сити, со кои ја освои титулата од ФА купот во 2011 и од Премиерлигата во 2012. Во 2013 година, тој замина во Јувентус, со кои освои две скудета, а потоа играше во кинескиот Шангај Шенхуа, пред да се врати во Бока во 2018 година.
> Карлос Тевез ја потврди фудбалската пензија: Го загубив мојот прв навивач <