Утрински Весник
Магазин

Карли Клос елегантна во секоја пригода

Таа е на модните писти ширум светот уште од 2008 година.

А во средата Карли Клос ја истакна беспрекорната фигура кога излезе на лежерна прошетка во раните вечерни часови во Њујорк.

Топ-моделот (29) се движи покрај раздвижените улици со самодоверба и лесно, облечена во плисирани панталони и црн горен дел што одлично прилега на нејзината висина од 1.87 метри.

Должината на панталоните е над нејзините глуждови, а дизајнот е со висока половина.

29-годишната Клос беше меѓу манекенките кои претходната вечер ги покажаа своите вештини на писта на ревијата на американскиот моден дизајнер Кристофер Џон Роџерс.

 

Можете да прочитате

Сарагоса прогласен за најпристапен град за лицата со попреченост за 2026 година

„Свети Никола е нашиот човек“

Крадец голтнал приврзок вреден над 33.500 долари