Утрински Весник
Магазин

Карлеуша обвинета е за злоупотреба и тортура, може да лежи една година во затвор!

Peta Jelena Karleusa Pelz Clean 2018 06 1600

Јавното обвинителство во Белград поднесе обвинение против пејачката Јелена Карлеуша за напад и навреда на фотографот на „Курир“, Владимир Шпорчиќ, пред две години, пренесува порталот „Независне новине“.

Во јуни 2019 година, Владимир бил на задача на гробиштата Нова Бежанија, каде што го фотографирал гробот на покојната мајка на Јелена, Дивна, кога Карлеуша го нападнала.

„Курир“ пренесе дека таа физички го нападнала, плукнала и навредила, по што Владимир поднел кривична пријава против неа.

Јелена е обвинета за кривично дело злоупотреба и тортура, изјави портпаролката на обвинителството, Маја Делиќ.

Доколку Карлеуша биде прогласена за виновна, може да добие казна затвор од една година, а бидејќи обвинението не е потврдено, судот наскоро може да закаже судење.

„Нејасно е како фотографот и неговиот возач ја преживеаја оваа „тортура и злоупотреба“?! Имено, тие „само си ја вршеа својата работа“ на гробиштата и ја сликаа оваа опасна жена додека го чистеше гробот на нејзината мајка… Двајца исплашени и незаштитени мажи никогаш не треба да шетаат сами околу гробиштата и да сликаат! Бидејќи сè може да се случи ако налетате на Караконџула! На пример – тортура и малтретирање. И силувањето не е исклучено“, ја коментираше Јелена тужбата на својот Инстаграм.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста