Утрински Весник
Спорт

Карењо Буста го освои Монтреал

Шпанскиот тенисер Пабло Карењо Буста ја освои титулата на турнирот во Монтреал.
Моментално 23. играч во светот во финалето го победи фаворизираниот Хуберт Хуркач со 2:1 во сетови (3:6, 6:3, 6:3) за час и 47 минути игра.

dobivaj vesti na viber

Карењо Буста ја освои првата мастерс титула во кариерата, откако со пресврт славеше над полскиот тенисер.

Хуркач брзо го доби првиот сет, одземајќи му го сервисот на противникот во средишницата на сетот. Токму кога се чинеше дека мечот нема долго да трае, односот на силите се смени и подоцна ќе се покаже дека тоа била првата и последната брејк топка за Хуркач во овој меч.

Шпанецот ја искористи очајната игра на Хуркач на вториот сервис во другите два сета, при што освои само 13 и 20 отсто од поените. Карено Буста направи брејк веднаш на стартот од вториот сет и тоа беше доволно да израмни, а во решавачкиот сет два пати му го одзеде сервисот на Хуркач.

Во меѓувреме успеаја да одиграат еден од најубавите поени оваа година.

 

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина