Утрински Весник
Свет

Каренбауер: Нема целосна безбедност на ЕУ без НАТО и САД

Каренбауер: Нема целосна безбедност на ЕУ без НАТО и САД

Европа нема да може да ја обезбеди својата целосна безбедност во наредните децении без помош на САД и НАТО, рече германската министерка за одбрана.

Во исто време, Анегрет Крамп-Каренбауер ја отфрли идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за европска стратешка автономија.

„Идејата за стратешка автономија на Европа оди предалеку ако ја храни илузијата дека можеме да обезбедиме европска безбедност, стабилност и просперитет без НАТО и САД“, рече германската министерка за одбрана, објави „Ројтерс“.

Таа додаде дека ќе поминат децении пред Европа да создаде конвенционални и нуклеарни воени потенцијали кои можат да компензираат сè што обезбедуваат НАТО и САД во овој момент.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МААЕ: Понатамошните напади на нуклеарката би можеле да имаат сериозни последици

Трамп: Иран може да биде уништен преку ноќ

„Апелираме до оваа генерација и до следната да се погрижат овој рекорд да не трае долго“