Утрински Весник
Магазин

Карди Би ја изненадуваат негативни реакции на нејзината музика

Карди Би ја изненадуваат негативни реакции на нејзината музика

Раперката Карди Би во неделата сподели фотографии зад сцената од снимањето на видео-спотот Up.

28-годишната хитмејкерка ги разголи своите облини во бело трико под наметка од шифон и напиша „Ролс Ројс ангел“.

Уште едно провокативно видео што одговара на нејзиниот дрзок став. Контроверзната раперка неодамна откри во интервју за Зејн Лоу од „Епл мјузик“ дека често е „изненадена од лошите реакции на нејзината музика“, додавајќи дека негативните реакции „се претежно на конзервативци“.

Вистинското име на ексцентричната хип хоп и рап пејачка Карди Би е Белкалис Марленис Алманзар.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ЗАМП и тишината што ги голта авторите

Какви се луѓето родени во април: храброст, страст и љубопитност

Што јадат астронаутите на мисијата Артемис II додека летаат околу Месечината