Утрински Весник
Магазин

Карди Би и Кери Вашингтон реагираа на дуелот Трамп-Бајден, со критика за модераторот

Голем број селебрити-личности, меѓу кои Карди Би и Кери Вашингтон, се огласија на Твитер во вторникот за да реагираат на жешката дебата меѓу претседателот Доналд Трамп и Демократскиот кандидат Џо Бајден, и на начинот на кој модераторот се справуваше со дуелот.

Двајцата политичари жестоко се судрија во Кливленд на теми за Врховниот суд, коронавирусот, расизмот, здравствената заштита и др.

Во услови на многу меѓусебни прекинувања, особено од страна на Трамп, и полемики што ги пречекоруваа временски ограничувања на кои се согласија двајцата кандидати, модераторот Крис Валас не интервенираше за да воспостави малку ред во дуелот, што наиде на критки на Твитер.

„Што се случува?!’ напиша Кери Вашингтон, позната актерка, продуцент и режисер. „Дали има под-студија за тоа кој може да има улога на модератор ?! # дебати “, а раперката Карди Би се надоврза на објавата на Кери  и напиша: „Тагни ме (означи ме), објавувајќи снимка од модераторот среде дебатата. 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста