Утрински Весник
Магазин

Кардашијан се врати дома сама, Вест останува во Вајоминг

Кардашијан се врати дома сама, Вест останува во Вајоминг

Ким Кардашијан-Вест беше забележана како се враќа во Лос Анџелес со својот приватен авион во вторникот по кратката посета на Вајоминг за да го види сопругот Канје Вест за првпат во последните неколку недели.

Напнатиот и проследен со солзи разговор со Канје во обид да ја пребродат брачната криза очигледно не заврши добро бидејќи таа се враќа дома сама, а бракот виси на конец по неговото непредвидливо однесување, типично за човек со биполарно нарушување, коментираат таблоидите.

Тие беа забележани од папараците додека рзговараат во неговиот автомобил паркиран пред ресторанот за брза храна „Венди“ во Вајоминг, каде тој поседува ранч од 14 милиони долари.

Таблоидите објавија дека Ким и нејзиното семејство ги штитат децата од драмата околу моменталното непредвидливо однесување на Канје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Клучни датуми во април: Кога е најповолно време за одлуки и нови почетоци

Тинејџерите под невиден притисок: Генерација која расте со стрес и несигурност

Дневен хороскоп за 03 април 2026