Утрински Весник
Македонија

Караџовски: Бројот на новозаболени е во пораст, но одлуките за пописот не ги носи Комисијата

Караџовски: Бројот на новозаболени е во пораст, но одлуките за пописот не ги носи Комисијата

Комисијата за заразни болести не одлучува дали ќе се одржи пописот туку само изготви предлог – протокол за попишување во услови на пандемија, појасни денес Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Тој нагласи дека бројот на новозаболени е во пораст, но посочи дека одлуките за одржување или ново одложување на пописот, не ги носи Комисијата.

„До Комисијата стигнаа повеќе барања од државните институции за наше размислување како да функционираат, како за изборите, за функционирање на Собранието, Владата па еве сега и пописот. Комисијата направи предлог-протокол за попишување и го дадовме во Министерството за здравство и до Државниот завод за статистика. За начинот на кој треба да се одржува пописот ние направивме протокол. Јас не можам да кажам што ќе се случува во следниот месец. Протоколот беше побаран, ние го дадовме. Државата ќе одлучи понатака. Ние дадовме повеќе можности како да се изведува пописот“, вели претседателот Караџовски.

Во протоколот за одржување на пописот, претседателот Караџовски вели дека пропишале како да се одвива попишувањето во становите во зградите, во куќите, за кои заедничко е одржување растојание меѓу попишувачите и лицата што попишуваат, задолжително е носење маски и честа дезинфекција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: На оваа власт луѓето и се на последно место

Гран при за македонскиот етнолошко-документарен филм „Хембој“ на ТЕФ фест во Хрватска

Билал Касами – од надеж до инструмент на Курти и Вјолца Османи