Утрински Весник
Македонија

Карантин само за патниците од Индија

Карантин само за патниците од Индија

Задолжителен 14-дневен карантин отсега ќе има само за патниците од Индија, одлучи Владата на денешната седница. Ова значи дека се укинува карантинот за патниците од Африка и од Бразил.

„Владата донесе Одлука за престанување на важноста на мерката со која сите домашни и странски физички лица – патници од земјите од Африканскиот континент и Федеративната Република Бразил, кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Северна Македонија, задолжително да се упатуваат во 14-дневна изолација (карантин) односно оваа мерка да продолжи да се применува само за странски физички лица – патници од Република Индија“, соопшти Владата.

Во врска со епидемијата, на седницата, министерот за здравство Венко Филипче, информирал дека бројот на дијагностицирани и хоспитализирани лица е намален и следствено на тоа се затворени дел од Ковид-центрите.

Во однос на постапката за масовна вакцинација на населението, Филипче информирал дека процесот на набавка на вакцини и вакцинација на населението се одвива добро, најавувајќи отворање на два дополнителни пункта за имунизација во Велес и Прилеп.

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата