Утрински Весник
Македонија

Карантинот во „Молика“ според пропишаните протоколи

Карантинот во „Молика“ според пропишаните протоколи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Во државен карантин во хотелот Молика на Пелистер, капацитет во сопственост на АД ЕСМ, ноќта меѓу саботата и неделата 28 и 29 март се сместени 76 граѓани вратени со чартер лет од Меминген, Германија.

Изолациониот период, посочуваат од ЕСМ, тече во најдобар ред, граѓаните добиваат три оброци дневно, вода, средства за лична хигиена и за одржување на хигиена во собите. Исто така, овозможено им е и да примаат храна, облека и други потребни средства од нивните блиски, кои можат да ги предадат во хотелот секој ден меѓу 11 и 12 часот.

– Во хотелот има строга дисциплина и почитување на сите воспоставени протоколи, и редот се одржува од службени лица од МВР. Персоналот нема допир со изолираните граѓани. Храната се подготвува во хотелската кујна, но се доставува до собите од страна на едно лице-волонтер, кое обврските ги обавува под заштитна маска и ракавици и кое во овој период исто така е сместено во хотелот, соопштуваат од АД ЕСМ.

Приемот и сместувањето на граѓаните, додаваат, се направени во координирана, професионална и успешна соработна со МВР и со Клиничката болница во Битола. вј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари