Утрински Весник
Спорт

Карамбол израмнување на Сарабија, 1-1 е на полувреме на „Паркен“

Карамбол израмнување на Сарабија, 1-1 е на полувреме на „Паркен“

Во 38 минута Шпанија се врати во игра на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, во осминафиналето од ЕУРО 2020 против Хрватска.

Пабло Сарабија погоди за 1-1 по една долга акција во шеснаесетникот на „коцкастите“.

Хозе Гаја одлично биеше по една добра асистенција, но голманот Ливаковиќ одлично интервенираше. На одбиената топка налета Сарабија и покрај лошо поставената одбрана на Хрватска ја смести топката во мрежата на се уште не вратениот Ливаковиќ во својата позиција.

Шпанците ја крунисаа иницијативата по несреќно примениот гол во 20 минута, по грешката на Унаи Симон.

Полувремето завршува со резултат 1-1.

> Карамбол израмнување на Сарабија, 1-1 е на полувреме на „Паркен“ <

Можете да прочитате

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација! 

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали