Утрински Весник
Македонија

Каракачанов: Нема да правам компромис со антибугарска политика

Каракачанов: Нема да правам компромис со антибугарска политика

Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов вели дека пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и Македонија во Европската Унија нема да придонесе за несигурност и за нестабилност на Унијата. Тој додава дека нивната позиција е правилна и Бугарија мора да се грижи за своите интереси.

„Му кажав на премиерот Заев дека тие ништо не направија три години и кога дојде моментот за решение беше доцна. Јас нема да правам компромис со антибугарска политика и не ме интересира што дел од нашите европски партнери имаат поинакви ставови. Имаше обиди да не разубедат. Имаше обиди да не разубедат за работи за кои сепак немаа аргументи. Јас го разбирам обидот на некои од партнерите да наложат да отстапиме, но на крајот Бугарија мора да се грижи за своите интереси“, вели Каракачанов.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и санкции за сторителите

Од утре нов раст на температурите

Tошковски: Лага е дека нападот врз Арсовска се случувал пред полицијата