Утрински Весник
Свет

Каракачанов бара да го купи споменикот на Борис Сарафов

Каракачанов бара да го купи споменикот на Борис Сарафов

Вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов бара да го откупи отстранетиот споменик на Борис Сарафов. Тој на Фејсбук напиша дека неговата партија ВМРО сака да го купи споменикот кој повеќе од четири години е отстранет од пред зградата на Министерството за надворешни работи во Скопје.

Кметът на Скопие Шилегов се похвали тези дни със смяната на имената на няколко улици в града. Казано накратко: в Скопие…

Posted by Красимир Каракачанов on Thursday, February 18, 2021

„Откако неговиот споменик беше тивко отстранет пред извесно време, ова е втор јасен гест од владејачките власти во С. Македонија. Каква друга причина би имале да се срамат од Сарафов освен што е Бугарин? Уште еднаш апелирам до надлежните во Скопје: ВМРО-БНД е подготвена да го купи отстранетиот споменик на Борис Сарафов, кој до неодамна чекаше во дворот на леарницата во градот да се стопи како старо железо. Интересно е, сепак, зошто се менува името на улицата Борис Сарафов. Оваа улица нема да го носи името на револуционерот, кој заедно со Анастас Лозанчев и Даме Груев беше во седиштето на Илинденското востание. Па, нема сомнеж дека Борис Сарафов е Бугарин. Неговата единствена ‘вина‘ за оние во Скопје очигледно е дека тој е Бугарин и дека е офицер во бугарската армија. Исто така, да ги потсетам дека заедно со Гоце Делчев, Борис Сарафов дипломирал на бугарско воено училиште во Софија. Едниот го прогласувате за Македонец, а демонстративно го исфрлате неговиот брат Борис Сарафов од вашата историја“, напиша Каракачанов.

Реакцијата е резултат на иницијативата на Град Скопје да го врати старото име на улицата „Борис Сарафов“ и таа да се преименува во „4 Јули“.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно