Утрински Весник
Спорт

Карагер за Озил: Не го напаѓам, но најплатениот играч треба да биде пример

Карагер за Озил: Не го напаѓам, но најплатениот играч треба да биде пример
Dik 300x250 mk

Лондон, 21 април 2020 (МИА) – Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер ја критикуваше одлуката на играчот од средниот ред на Арсенал, Месут Озил, да одбие намалување на платата.

– Јас нема да го нападнам заради заработените пари, да ги обвинувам луѓето што го плаќаат, но најплатениот играч на тимот треба да даде пример. Неговиот агент не му направи ништо добро. Пред три или четири недели велев дека треба да се почека и да се види како ќе се развива ситуацијата. Отсекогаш чувствував дека може да има проблем. Постојат само две групи на играчи кои можеби не учествуваат целосно во намалување на платите: тоа се млади момци кои можеби немале доволно приход, или играчи чии договори истекуваат. Но, фактот дека најплатениот играч на тимот не го стори тоа … Целиот тим се согласи и треба да се однесувате како сите останати играчи. Можеме да кажеме дека тој јавно си постигна автогол, изјави Карагер.

Вчера се дозна дека Озил е еден од тројцата играчи на Арсенал кој одби да му се намали платата за 12,5%. Играчот од средниот ред добива 350 илјади фунти неделно. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина