Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Капитенот на Јунајтед може да го пропушти големото дерби против Сити

Јунајтед дава 40 милиони фунти за Мегваер и ни пени повеќе
Img 7972

Манчестер, 6 март 2020 (МИА) – Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер може да го пропушти големото градско дерби против Манчестер Сити, пренесува „Сан“.

Дефанзивецот, исто така, требаше да учествува во дуелот против Дерби Каунти (3-0 за ФА Купот), но претрпе повреда на глуждот за време на тренингот во средата.

– Разговарав со него на мојата последна тренинг сесија дека нема да дозволам да се одмори против Дерби. Но, тогаш тој доби проблем на глуждот за време на тренингот. Тој мораше да остане дома, се надевам дека тој ќе биде подготвен за викенд, но не сум сигурен,дека тоа ќе се случи, рече Солскјер.

Манчестер јунајтед го пречекува Манчестер Сити на „Олд Трафорд“ во 29-то коло од англиската Премиер лига. Дуелот е во недела и започнува во 17:30 часот по наше време.

Граѓаните се втори со 57 бода, додека „црвените ѓаволи“ се на петто место со 42 бода.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица