Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Капитенот на Ајакс: Имаме подобар тим за разлика од пред 2 години!

Капитенот на Ајакс: Имаме подобар тим за разлика од пред 2 години!
300x250 opst2

Фудбалерите на Ајакс триумфално ја поминаа групната фаза во Лигата на шапионите и со победа од 4-2 против Спортинг Лисабон ги заокружија шесте меча со вкупна гол разлика 20:5.

Клубот од Амстердам имаше 6 победи на исто толку меча, па со право се прогнозира дека клубот од Холандија може во најмала рака да го повтори успехот од 2018/19 година кога за малку не се пласираа во финалето на ЛШ.

Многумина во Холандија се уверени дека овој состав предводен од капитенот Душан Тадиќ е уште подобар од оној со Де Лихт, Де Јонг и Зијеш, од пред две ипол години.

„Мислам дека имаме подобар тим отколку таа сезона. Направивме големи чекори минатите месеци. Тешко е да се споредат тимовите. Во 2019 година исто така имавме добар тим, но сега имаме други играчи, но со различни карактеристики отколку тогаш. Пред 2 години бевме помалку наивни, но сега сме ментално многу посилни. Имаме неколку Јужноамериканци кои се вистински борци. Сега сме многу попаметни“ рече Тадиќ во интервју за холандски „Телеграф“.

Жрепката за осминафиналето во ЛШ е во понеделник, а пласман во нокаут фазата досега обезбедија Ајакс, Манчестер Сити, ПСЖ, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Спортинг Лисабон, Реал Мадрид, Интер, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Челси и Јувентус.

Има уште 4 места, а тие ќе бидат познати по вечерашните натпревари.

> Капитенот на Ајакс: Имаме подобар тим за разлика од пред 2 години! <

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона