Утрински Весник
Спорт

Капело: Непростливо е она што го направи Роналдо

Капело: Непростливо е она што го направи Роналдо

Порто синоќа приреди сензација во Торино, од Лигата на шампионите го елиминираа Јувентус. Португалците со херојска игра, од 54.минута играа со фудбалер помалку, по 120.минути борба, се пласираа меѓу најдобрите осум во елитното натпреварување.

Голот кој го реши патникот во четврт-финалето го постигна Серж Оливеира во 116.минута. Фудбалерот на Порто, лукаво изведе слободен удар, топката ја испрати под ѕидот и успеа да го совлада Шчесни.

Виновникот за овој гол е Кристијано Роналдо. Португалецот, го сврти грбот кога Оливеира го упати ударот.

„Такви грешки не се простуваат. Јас секогаш бирав во ѕидот да стојат играчи кои не се плашата од топката. Не смееш да го свртиш грбот кога стоиш во ѕидот. Тоа никогаш не се прави“, рекол легендарниот италијански тренер Фабио Капело.

На оваа тема по мечот проговорил и тренерот на Јувентус, Андреа Пирло. Тој е свесен дека ѕидот се распадна во клучниот момент.

„Никогаш досега не ни се случило фудбалерите да го вртат грбот кога се во ѕидот. Претпоставувам дека мислеа, дека топката е далеку и дека нема никаква опасност по нашиот гол. Грешка, но грешки се случуваат“, рекол Пирло.



> Капело: Непростливо е она што го направи Роналдо <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВМФЛ: Брегалница триумфираше, Македонија ЃП подобра од Осогово

Франческо Банаја победи на трката за ГН на Јапонија во МОТО ГП

Пеп Гвардиола го напушта Сити?