Кога синоќа ПСЖ го постигнаа четвртиот гол на „Ноу Камп“ против Барселона не беа малкумина оние кои помислија дека тоа е завршниот удар во плановите на Лео Меси и дека со сигурност летоска тој ќе посака да си оди од редовите на каталонскиот клуб.
Деновиве наголемо се пишува дека најзагреан за неговиот услуги е францускиот шампион – ПСЖ, но по она што љубителите на фудбалот можеа да го видат на првиот осминафинален меч во ЛШ, се чини дека Аргентинецот и не им е кој знае колку потребен на „Светците“.
Има и такви кои сметаат дека Меси ќе остане во Барса, еден од нив е и легендарниот италијански тренер, Фабио Капело.
„Сигурен сум дека Меси ќе остане во Барселона. Не верувам дека ПСЖ ќе ги потроши сите пари за да го доведат. Лапорта е фаворит повторно да стане претседател, а тој е во многу добри односи со Меси. Лео ја обожува Барселона, таму сите го сакаат и затоа сметам дека не постојат шанси да се пресели во ПСЖ. Тој заедно со Лапорта ќе настојува Барса да ја направи подобар тим“ – вели Капело за „Скај спорт“.
> Капело е убеден: Нема шанси Меси да оди во ПСЖ! <