Утрински Весник
Магазин

Канjе Вест потрошил 16.6 милиони долари сопствени пари за својата претседателска кампања

Канjе Вест потрошил 16.6 милиони долари сопствени пари за својата претседателска кампања

43-годишниот рапер кој се кандидираше за претседател на САД, наводно, го самофинансирал поголемиот дел од својата кандидатура.

Тој обезбедил само 2 милиони долари од надворешни соработници, пишуваат весниците , потсетувајќи дека тој доби само 66.000 гласови, што значи дека секое ливче во гласачката кутија чинело просечно по 200 долари.

Според извештајот на Федералната изборна комисија (ФЕЦ), поголем дел од средствата за кампањата на Канје во износ од 14.5 милиони долари биле платени за „пристап до гласачките ливчиња“, а на крајот на кампањата тој останал со 1.3 милиони долари.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Колку пати се сака во животот: Одговорот ќе ве изненади

Вушан доби најдолг градски лифт на светот: Ескалатори кои ги поврзуваат населбите, олеснувајќи им го животот на жителите и туристите

Дневен хороскоп за 12 март 2026