Гламурот се врати во полн состав на Кански филмски фестивал. Една недела по неговото отворање, светските шоубиз медиуми издвоија неколку од највпечатливите појавувања на најгламурозниот црвен тепих во светот.
Славните ѕвезди го покажаа сиот сјај на високата мода. Холивудските ветеранки Хелен Мирен, Џоди Фостер и Енди Мекдауел ја украдоа светлината на рефлекторите со елегантни фустани на свеченото отворање на фестивалот.
Мирен носеше свилен шифонски фустан „Долче и Габана“ во жолта боја, додека Фостер, која доби почесна „Златна палма“ за животно дело, изгледаше прекрасно во бел фустан со сребрени апликации, креација на париската модна куќа „Живанши“.
Мекдауел се одлучи за сатенски фустан „Прада“ украсен со појас навезен со аквамарински кристали и стаклени ресици.
Откако прошета на модните писти во Париз за „Неделата на висока мода“, моделот Бела Хадид допатува на југот на Франција, каде што беше одговорна за два од највпечатливите изгледи на фестивалот.
За церемонијата на отворање, таа носеше винтаџ фустан од високата мода на Жан Пол Готје.
А потоа, на себе имаше авангарден фустан на Даниел Росбери со стратешки поставен златен накит. Фустанот има длабок отвор кој не ги покрива градите, но тие се прекриени со златен накит во облик на белодробни крила.
Сите погледи беа вперени во златниот накит. Таа дефинитивно го украде црвениот тепих на филмската екстраваганца на француската ривиера, коментираат таблоидите.