Утрински Весник
Магазин

Канје Вест ја редизајнира амбалажата за храна на „Мекдоналдс“

Канје Вест тврди дека го редизајнира пакувањето на храната на „Мекдоналдс“.

Раперот (44) ова го соопшти во своето враќање на Инстаграм оваа недела откако му беше забранет пристап до платформата поради објавување расистички говор.

Канје, кој неодамна го смени името во ‘Је’, објави фотографија од новиот дизајн на Мекдоналдс со порака: „Је се здружува со легендарниот индустриски дизајнер Муџи Наото Фукасава за да го редизајнира пакувањето на Мекдоналдс. Следната недела ќе биде помфритот“.

Компанијата „Мекдоналдс“ сè уште не ја коментирала соработката на нејзините профили на Твитер или Инстаграм.

Амбалажата доби пофалби како чиста и минималистичка, што го одразува неговиот бренд на облека „Јизи“ (Yeezy).

Раперот претходно го покажа своето восхитување од „Мекдоналдс“ во песната McDonald’s Man.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста