Утрински Весник
Магазин

Канје Вест со емотивно деби во живо на новиот албум

Канје Вест со емотивно деби во живо на новиот албум

Канје Вест доби бурни овации по премиерата на неговиот долгоочекуван десетти студиски албум „Донда“ на стадионот Mercedes-Benz во Атланта во четвртокот вечерта.

Откривањето на албумот на 44-годишниот рапер беше емитувано преку директен пренос на „Епл мјузик“, а на настанот присуствуваше и неговата отуѓена Ким Кардашијан Вест заедно со две од нивните четири деца.

„Донда“, насловен по покојната мајка на раперот, Донда Вест, им дава на побожните фанови поглед во неговиот турбулентен брак со Ким, а ја прикажува и соработката со Џеј Зи и Тревис Скот.

Откако пристигна со модерно доцнење на настанот, Вест се појави со полу-проѕирна маска на лицето и црвен комплет кој алудира на соработката Yeezy x Gap. Тој продолжи да чекори низ арената под рефлекторите. Насекаде имаше поставени звучници од кои ечеа различни нумери на албумот.

Арената „Мерцедес-Бенц“ може да се пофали со капацитет од 71. 000 места за седење, а Вест, наводно, им подарил 5.000 билети на студентите во областа Атланта, Џорџија, додека некои фанови платиле неколку стотици долари за места“, според „Шоубиз 411“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста