Утрински Весник
Магазин

Канје Вест рапува за Пит Дејвидсон на настап во Мајами

Канје Вест рапува за Пит Дејвидсон на настап во Мајами

Канје Вест во вторникот го одржа првото слушање на претстојниот албум „Донда 2“ на стадионот LoanDepot Park во Мајами, Флорида.

На настанот по повод излагањето на неговиот нов студиски албум, се чинеше дека 44-годишниот рапер во неколку песни цели на Пит Дејвидсон, момчето на неговата отуѓена сопруга, вклучително и една која се однесува на нејзината загриженост дека однесувањето на Канје ја загрозува безбедноста на Пит.

Во песната Eazy, објавена минатиот месец, Вест рапуваше: „Господ ме спаси од тој судар / само за да можам да го истепам Пит Дејвидсон“ (Just so I can beat Pete Davidson’s ass).

Хитмејкерот не пропушти прилика да ги шокира гледачите со повторно регрутирање на рокерот Мерлин Менсон, кој е обвинет од повеќе жени за сексуално и психичко малтретирање.

Меѓу гостите на настанот беа и Алиша Кис, ДаБејби и Мигос.

Можете да прочитате

Костадинов ќе стане татко – го очекуваат синот Никола

Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – мајката Нина го бара сопственикот

Бугати направи велосипед – поскап е од нов семеен автомобил