Утрински Весник
Магазин

Канје Вест напиша на „Твитер“ дека сака развод

Канје Вест напиша на „Твитер“ дека сака развод

Раперот Канје Вест напиша на „Твитер“ дека се обидува да се разведе од сопругата, реалната sвезда Ким Кардашјан, но неколку минути подоцна го избриша твитот.

„Се обидував да се разведам откако Ким се сретна со Мик во Ворлдолф за реформа на затворскиот систем“, напиша Вест во пораката, без дополнително објаснување.

Ким Кардашјан веќе некое време активно работи на реформа на затворскиот систем и прави документарен филм на таа тема.

View this post on Instagram

Happy Sunday

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Затоа и се состана со американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година.

Вест објави серија твитови, што подоцна ги избриша, каде што вели дека неговата сопруга се обидува да го затвори врз основа на неговата здравствена состојба и се споредува себеси со Нелсон Мандела.

Серијата твитови дојдоа кога тој се впушти во претседателска кампања со митингот во Чарлстон, каде што зборуваше доста неповрзано на разни теми, вклучително и одлуката што ја донесе со Ким Кардашјан  таа да не ја прекине бременоста.

Вест (43) ги остави обожавателите да се сомневаат во врска со тоа дали неговата претседателска кампања е вистинита или е само блеф со кој сака да направи реклама за продажба на неговиот албум.



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста