Илјадници жени кои во текот на животот имале работа со психопат или демнач чувствуваат мачнина во желудникот читајќи ги пораките што Канје Вест ѝ ги испраќа на својата поранешна сопруга Ким Кардашијан.
Не само затоа што пораките се вознемирувачки, туку затоа што жените кои имале таква врска или дури и само ситуација слична на оваа, знаат што им претходи на таквите пораки, но и што следи по нив.
Канје Вест според сопствено признание има биполарно растројство на расположениео, кое, повторно по негово признание, не се лекува со медикаменти. Во биполарното растројство, кај заболениот наизменично се појавуваат подолги и пократки епизоди на манија и депресија.
Во епизодата на манија личноста се чувствува грандиозно, себеси се смета за генијалец и во афекти себеси се гледа како лидер на светот или барем како американски претседател. Во депресивните епизоди, истата личност паѓа на дното и често не може да стане од кревет за да изврши нормални животни активности.
Кардашијан очигледно со години трпела и не може повеќе.
На крајот – исто како и секоја жена која се нашла во таа ситуација – морала да избере: или тој или јас. И таа се одбра себе.
Тогаш ѝ се случи драма. Отуѓениот сопруг влезе во својата нова епизода, не поднесува да изгуби контрола, не поднесува што неговата жртва е среќна далеку од него и прави сè за јавно да ја дискредитира.
Канје Вест, од друга страна, има милиони фанови кои неговото јавно малтретирање на поранешната сопруга го гледаат како доказ за љубовта кон неа, а нејзиното одбивање го сметаат за безобразлук.