Утрински Весник
Магазин

Канје Вест вреди 6.6 милијарди долари со половина од приходите од неговиот бренд „Јизи“

Канје Вест вреди 6.6 милијарди долари со половина од приходите од неговиот бренд „Јизи“

Канје Вест поседува прилично голем капитал вреден милијарди, кој ќе треба да го заштити при разводот од Ким Кардашијан.

43-годишниот рапер, наводно, тежи 6.6 милијарди долари во голема мера како резултат на неговиот бренд патики и облека Yeezy, проценет помеѓу 3.2 до 4.7 милијарди долари, според UBS Group AG.

Тој моментално се соочува со Ким Кардашијан во рамки на бракоразводна постапка. Но, парот, наводно, потпишал предбрачен договор и ниту една од страните не ги оспорува условите на документот.

Магазинот „Пипл“ ја потврди новата бројка, што е значително зголемување од 1.3 милијарди долари, како што објави Форбс во април 2020 година.

Зголемената цифра има многу врска со неговиот бренд за облека што сега е во партнерство со „Адидас АГ“ и „Гап инк“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Природен пијалак со три состојки за зајакнување на имунитетот

Премиера на филмот „Утре наутро” на Јани Бојаџи на 19 ноември во Синеплекс

Вторник поволен ден за авантура за еден знак: Дневен хороскоп (18.11.2025)