Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Во Канцеларијата на претседателот – „Млади Хаб“ денеска беа подготвени и испорачани првите пакети наменети за граѓаните кои се најмногу погодени од епидемијата на коронавирусот, со што започна проектот „Волонтираме за солидарно општество“.
Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, со цел поддршка на хуманоста и солидарноста во нашето општество објави повик за собирање прехранбени продукти и хигиенски производи за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот.
– Под мотото „Тука сме, ѝ служиме на заедницата, си помагаме едни на други!“ #ТукаСме #ЕдниЗаДруги, ги повикуваме граѓаните, општествено одговорните компании, граѓанските организации, дипломатските претставништва во Република Северна Македонија, меѓународните организации и институции, во согласност со своите можности и ресурси, да се приклучат кон оваа иницијатива за заеднички да им ја дадеме неопходната помош на што поголем број наши сограѓани. Производите ќе се донираат во канцеларијата на претседателот – „Млади Хаб“ во центарот на Скопје, којашто ќе биде целосно адаптирана во согласност со логистичките потреби, како и кај партнерите вклучени во оваа иницијатива, соопштија од кабинетот на шефот на држвата.
Посочија дека канцеларијата ќе работи три дена седмично (понеделник, среда и петок), а волонтери ќе се грижат за прием на производите, како и за подготовка на хуманитарните пакети и за нивна дистрибуција. При работата на волонтерите ќе се почитуваат сите протоколи за безбедност пропишани и препорачани од Владата и од Светската здравствена организација, вклучително и физичка дистанца, проветрување, дезинфекција, миење раце и носење заштитна опрема (маски и ракавици).
Работно време на канцеларијата „Млади Хаб“– центар за волонтери за поддршка со хуманитарни пакети за граѓани во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот, ќе биде од понеделник и среда од 10:00 до 13:00 часот за прием на производи и од петок од 10:00 до 13:00 часот за подготовка и дистрибуција на хуманитарните пакети.
–Сите заинтересирани можат да донираат конзервирана и пакувана храна, производи за чистење и перење, средства за лична хигиена и средства за дезинфекција. Доставата до претходно определени граѓани кои се екстремно социјално загрозени ќе се врши во тесна соработка со партнерите, при што ќе бидат почитувани протоколите за заштита и за превенција, а врз основа на искуството од Црвениот крст на Република Северна Македонија, наведоа од кабинетот на Пендаровски.
За реализација на оваа иницијатива, Кабинетот ќе соработува со неколку партнери: Црвен крст на Република Северна Македонија, Иницијативата #РетвитниОброк, со фокус на гладни и бездомници, „Љубезност“ – здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци, Здружение за хумано-општествен развој – Проект „Среќа“, со фокус на децат и „Храна за сите – Банка за храна“, со фокус на собирање земјоделски, земјоделско-индустриски и трговски производи и дистрибуција до социјално загрозените граѓани.
Повеќе детали за начинот на достава, како и тип на производи коишто може да се донираат, може да се добијат од лицата за контакт од Кабинетот на претседателот: Офелија Димковска, тел: 070 401 113, е-пошта: dimkovskaofelija@gmail.com и Фјола Златку, тел: 076 225 433, е-пошта: fjollazllatku@gmail.com.
Контакт лица од партнерските организации се: од Црвен крст на Република Северна Македонија – контакт лице: Мајлинда Мустафа, тел: 071/22 39 64, е-пошта: mustafa@redcross.org.mk, Иницијативата #РетвитниОброк, со фокус на гладни и бездомници – контакт лице: Мила Тасевска, тел: 078/64 91 18, е-пошта: milataaa@gmail.com, „Љубезност“ – здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци – контакт лице: Тони Станковски, тел:078/26 37 92, е-пошта: stankovski.toni@yahoo.com, Здружение за хумано-општествен развој – Проект Среќа, со фокус на децата – контакт лице: Благица Ристов,тел: 078/ 40 52 64 , е-пошта: proektsreka.koordinator@gmail.com и „Храна за сите – Банка за храна“, со фокус на собирање на земјоделски, земјоделско-индустриски и трговски производи и дистрибуција до социјално загрозените граѓани – контакт лице: Душко Христов, тел: 070/34 36 36, е-пошта: bankazahranamk@gmail.com. см/са/