Утрински Весник
Спорт

Кандидатот за претседател на Барселона, загрижен дека клубот е во опасност од банкрот

Кандидатот за претседател на Барселона, загрижен дека клубот е во опасност од банкрот

Барселона, 13 април 2020 (МИА) – Претседателскиот кандидат на Барселона, Виктор Фонт изјави дека клубот се соочува со банкрот. Тој остро го критикуваше сегашниот шеф на Каталонците, Јосеп Марија Бартомеу.

– Долго време, предупредувавм дека клубот се движи директно кон пропаст. Сведоци бевме на осуди заради случајот Нејмар, спорови меѓу играчите, вработените и скринингот на социјалните медиуми, неодржливи спортски политики, распаѓање на дирекцијата и значително намалување на приходите заради коронавирус. Клубот е во опасност од економски и морален банкрот. Играта заврши, истакна Фонт.

Вети средување на состојбите доколку биде избран на функцијата.

– Следува смена на најдобрата генерација фудбалери во својата историја. Ќе се изгради нов спортски комплекс и ќе се бориме против јавните компании со огромни финансиски ресурси, нагласи Виктор Фонт. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026