Утрински Весник
Свет

Канадa ги заострува рестриктивните мерки

Канадa ги заострува рестриктивните мерки

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, најави заострување на ограничувањата за патувања поради појавата на нов, позаразен вид на коронавирус.

Најавените мерки вклучуваат задолжителен престој во карантински хотели на трошок на патниците, како и прекин на воздушниот сообраќај со Мексико и сите карипски земји до 20 април.

Покрај задолжителниот тест за сите патници што ја напуштаат територијата на Канада, владата ќе воведе задолжителен ПЦР тест за сите патници кои пристигнуваат во Канада, пренесува Ројтерс.

„Патниците кои ќе дојдат во Канада, по задолжителното тестирање, ќе мораат да престојуваат на сопствен трошок во хотелски карантин, што треба да ги чини околу 2 илјади долари“, рече Тридо.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk