Утрински Весник
Магазин

Канадско министерство случајно твитна линк до „Порнхаб“ наместо податоци за Ковид

Канадско министерство случајно твитна линк до „Порнхаб“ наместо податоци за Ковид

Официјалниот Твитер-профил на Министерството за здравство на Квебек, најголемата покраина во Канада, имаше екстра сообраќај во четвртокот наутро, откако беше споделен линк со несоодветна содржина.

Министерството на канадската покраина се извини откако случајно објавија линк до популарниот порно сајт PornHub наместо владина веб-страница со нови податоци за Ковид-19.

„На нашиот Твитер-профил е објавен линк со несоодветна содржина. Ги бараме причините. Се извинуваме за непријатностите“, соопшти министерството.

Линкот имаше за цел да ги доведе корисниците до владината веб-страница што содржи статистика за Ковид, но наместо тоа, ги испрати до видео 18+ на „Порнхаб“.

Контроверзниот линк беше објавен во четвртокот, а оние кои кликнаа на него ги пречека фетиш видео со фокус на стапала.

Твитот потоа беше избришан.

Можете да прочитате

Тешко утро за еден знак, блокирани емоции кај друг: Дневен хороскоп (03.12.2025)

Утре е голем празник: Посебен ден за жените – преноќување во црква за потомство

Заедно за одржлива иднина: ОКТА трета година донира соларни централи – повеќе енергија, помалку трошоци, почиста околина