Утрински Весник
Свет

Канадските епидемиолози бараат да се зголеми растојанието меѓу две дози вакцина на „Фајзер“

Канадските епидемиолози бараат да се зголеми растојанието меѓу две дози вакцина на „Фајзер“

Данута Сковронски, канадски епидемиолог во Центарот за контрола на болести во Британска Колумбија и Гастон де Серес, епидемиолог во Националниот институт во Квебек, ги повикаа светските влади да го зголемат растојанието помеѓу две дози вакцина на „Фајзер“, бидејќи утврдиле дека по давањето на првата доза ефикасноста е 92,6 проценти. Тие ги предадоа своите откритија на американската Администрација за храна и лекови, објави „Ројтерс“.

Сковронски и Де Серес предупредија дека постои неизвесност за тоа колку долго трае заштитата по давање на една доза на вакцина, но нагласија дека давањето на втората доза еден месец по првата ќе ја зголеми користа од вакцинацијата на што повеќе луѓе, барем одреден временски период.

Со оглед на доцнењето во дистрибуцијата на вакцините, одложувањето на втората доза е прашање на закана за националната безбедност, што ако се игнорира, сигурно ќе резултира со бројни хоспитализации и илјадници смртни случаи оваа зима во САД, предупредуваат авторите.

Како одговор, „Фајзер“ рече дека алтернативното дозирање на вакцината сè уште не е проценето и дека одлуката за тоа е на здравствените работници во земјите што ја користат нивната вакцина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре