Мадрид, 2 април 2020 (МИА) – Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и италијанската репрезентација Фабио Канаваро упати порака до поранешниот голман Икер Касиљас за време на карантинот поради коронавирус.
Италијанецот се шегуваше за желбата на Шпанецот да се кандидира за претседател на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ).
– Ти ќе станеш претседател на федерацијата, а јас ќе го тренирам Реал Мадрид, рече Канаваро.
Канаваро изрази восхит и за работата на селекторот на Реал Мадрид Зинедин Зидан.
– Морам да му честитам на Зиза. Начинот на кој управува со тимот, начинот на кој комуницира со навивачите … Тој е одличен. Тој работи неверојатно, нагласи Канаваро. зс/