Утрински Весник
Економија

Кампања на ССМ за прогласување на најдобри компании кои ги почитуваат работничките права

ССМ со заложби за достоинствена работа и социјална сигурност на работниците

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Сојузот на синдикати на Македонија спроведува кампања за прогласување на најдобра компанија на неделата. Еднаш неделно, ССМ ќе објавува кои компании се пример како во услови на пандемија се почитуваат работничките права.

– Во услови на здравствена криза која не смееме да дозволиме да се претвори во криза на пазарот на трудот, кога голем број на несовесни работодавачи најавуваат отпуштање на работниците, праќање на принуден одмор, намалување на платите, подметнување на спогодби за престанок на работниот однос за кои ССМ континуирано во изминатиот период предупредуваше, сметаме дека е важно да се информира за компаниите кои се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период, велат од ССМ.

Оттаму информираат дека оваа недела за најдобра компанија е избрана „Макпетрол“.

– Да ги следиме позитивните примери, порачува ССМ. бак/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ССКМ : Потпишувањето на договорот за соработка е порака која бизнис секторот ја препознава

ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

МФ: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ