Утрински Весник
Свет

Камион удри во воз во Унгарија – има загинати и повредени

Камион удри во воз во Унгарија – има загинати и повредени

Најмалку седум луѓе загинаа кога утрово камион удрил во воз во јужна Унгарија, соопшти полицијата.

Како што пренесува „Ројтерс“, возот излетал од шините.

Во сообраќајката што се случила на преминот „Мајндсент“ се повредени уште неколку лица.

„ Во несреќата се повредени неколку лица, а неколку починале на лице место“, соопшти полицијата без да даде детали.

Несреќата се случила околу 7.00 часот по локално време.

Можете да прочитате

Иран порача до ЕУ доколку не можат сами, тие ќе им помогнат да го заштитат Гренланд

Две згради се урнаа утрово во Истанбул

Нетанјаху ја повика Европа во борбата против Иран