Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Каменичкиот совет ја усвои одлуката за намалување и укинување на комуналните такси за фирмите

Каменичкиот совет ја усвои одлуката за намалување и укинување на комуналните такси за фирмите
Img 7972

Македонска Каменица, 3 јуни 2020 (МИА) – Советот на Општина Македонска Каменица ја усвои одлуката за укинување на надоместокот за истакнување фирма и целосно укинување на плаќањето закуп на простор за фирмите. Одлуката доаѓа по иницијативата на каменичкиот градоначалник Соња Стаменкова, која истакна дека истата е само една од мерките за помош за надминување на кризата предизвикана со епидемијата од коронавирусот.

-Со одлуката се опфатени сите фирми, подружници и трговци поединци кои претходно износот го плаќаа за истакнување на фирма (фирмарина), износ кој со новата одлука се намалува за една третина. Исто така оние кои користат јавни површини за поставување маси и столови, како и пристапен простор до објектите, отсега воопшто нема да плаќаат надоместок за 2020 година, соопшти Стаменкова.

Вакви и слични мерки, Стаменкова најави и за наредниот период.

-Да ја искористам приликата да се заблагодарам до членовите на Советот на општина Македонска Каменица за едногласно донесената Одлука за намалување на давачките за трговските субјекти, но и да најавам дека Општина Македонска Каменица ќе ги разгледува и во рамки на своите надлежности ќе одлучува и за останатите барања на граѓаните, со кои дополнително ќе се олесни работењето и функционирањето на фирмите и стопанствениците од Македонска Каменица, додаде каменичкиот градоначалник.

Со последната одлука фирмарината за лицата кои вршат физичка дејност се намалува од 1.500 на 1.000 денари, додека фирмарината за деловните простории на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите се намалува од 6.000 на 4.000 денари. вс/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони”

Уапсен прилепчанец, палел кабли во близина на депонијата во Струга

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии