Утрински Весник
Свет

Калифорнија најави заострување на рестриктивните мерки за Ковид-19

Калифорнија најави заострување на рестриктивните мерки за Ковид-19

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом денеска најави можност за заострување на рестриктивните мерки против Ковид-19 во следните два дена. Можно е да биде издадена и наредба граѓаните да останат во своите домови за да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот и притисокот врз здравствениот систем кој е пред колапс.

Според него, пресметките за капацитетите во одделите за интензивна нега покажале дека до средината на декември, бројот на пациенти со сериозна клиничка слика може да ги надмине капацитетите во единиците за интензивна нега во државата Калифорнија, доколку не се заострат мерките во борбата против епидемијата.Повеќе од 30 проценти од сите случаи на Ковид-19 во Калифорнија се пациенти со сериозна клиничка слика на кои им е потребна хоспитализација на интензивна нега и приклучување на респиратори.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Двајца рудари загинаа по уривање на тунел во шпански рудник

Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште

Мерц и Трамп телефонски разговараа за мировниот план на САД за Украина