Утрински Весник
Свет

Калифорнија ги враќа рестриктивните мерки

Калифорнија ги враќа рестриктивните мерки
Dik 300x250 mk

Најнаселената американска сојузна држава Калифорнија повторно воведе рестрикции поради зголемениот број случаи на коронавирус во САД и внатре во нејзините граници.

Гувернерот Гевин Њусам нареди затворање на рестораните, баровите, кафулињата, зоолошките градини, музеите, а во најпогодените окрузи затворени се и црквите, теретаните и фризерските салони.

Њусам одлучи да ги врати рекстрикциите откако во државата, во која живеат 40 милиони жители, во последните две недели дошло до пораст на бројот на новзболени за 20 отсто, пренесува Би-би-си.

Строгите мерки во Калифорнија беа ублажени во мај, па повторно во јуни. Потврдени се повеќе од 300.000 случаи на коронавирус и повеќе од 7.000 починати.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп